МЕЃУНАРОДНА ПОДДРШКА ЗА ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО КАРПОШ
- февруари 13, 2016
- 0
Интензивното инвестирање во реконструкција на коловозните ленти, и изградба на нови атмосферски и фекални канализации на територијата на Општина Карпош продолжува со засилено темпо. По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денес одржа конференција за печат во која изјави:
– Продолжуваме со нашите инвестициони активности, овој пат во урбаната заедница ,, Владо Тасевски’’ . Со проектот на Светската Банка ќе извршиме реконструкција, односно ќе изградиме атмосферка канализација на улиците: ,, Алжирска’’ , ,,Анкарска’’, Багдатска’’ како и на улицата ,, Борка Талески’’. Исто така, на овие улици ќе извршиме реконструкција на коловозната лента.
Во исто време, со средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа, ќе се изврши реконструкција на атмосферската канализација на улиците ,, Рампо Лефката’’ и ,, Ристо Равановски’’, со што сите овие инвестициски активности реализирани со проектот од Светска Банка и дел од општинскиот буџет ќе достигнат вредност од 18 милиони денари.
-Како што можете да видите, во тек се градежните активности на улицата ,, Борка Талески’’, а во наредниот период ќе следува и реконструкција на улицата ,, Њу Делхиска’’ , со што во наредните шеесеттина дена ќе следат поинтензивни реконструкциски активности во овој дел од Општина Карпош, образложи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.