Локалната самоуправа, во полн ек, работи на обновување на фасадите во Општината. Во тој контекст, денеска, градоначалникот Јакимовски ја презентираше новата фасада на улицата Јуријг Гагарин, која е првата зграда од најавените три кули во истиот ред на оваа улица.

-Одлучивме да започнеме со  реконструкција на фасадите на зградите долж булеварот Теодосиј Гологанов, од левата страна, односно на улицата Јуриј Гагарин. Започнуваме со фасада на зграда 25 и 35 и продолжуваме по должината од левата страна. Граѓаните добиваат термо изолирани фасади со тоа што зградите се енергетско ефикасни, а најголем дел од станарите ги заменија и прозорците, со што се менуваат и окапниците, каде се добива едно естетско и термичко решение за наредните 20 години. Досега се реконстурирани  шест станбени објекти, а ова е седма зграда по ред – истакна Јакимовски. Инвестицијата на овие две згради е 8.600.000 денари.

                        Општина Карпош ќе продолжи со реализација на термички фасади во делот на населбата Козле како и долж булеварите Илинденска и Партизанска.

                        -Наредните 20 згради кои се планираат да се реконструираат се оние во должината на булеварите Илинден и Паризански Одреди, која активност ќе ја најавиме во наредните 40 дена. Оваа година од буџетот на Општина Карпош одвоивме повеќе средства, затоа што гледаме дека има голем интерес кај граѓаните и во исто време, го збогатуваме и разубавуваме урбаното живеење во оваа Општина – заврши првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.