ИНТЕРАКТИВНА ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА
- март 1, 2016
- 0
Во организација на одделението за образование при Секторот за дејности од јавен интерес на општина Карпош, вчера попладне во Кинотеката на Македонија се одржа едукативна трибина на тема „примена на адаптивните наставни програми по математика и природни науки според програмата Кембриџ“.
Во рамки на интерактивната дискусија присуствуваа основците од Карпош (1-3 одделение) со своите родители, и претставниците од Бирото за развој во образованието. Со стручен коментар, наставничките Роза Василевска и Жаклина Миланковска од ООУ „Јан Амос Коменски“ ги обраложија придобивките од наставната методологија која се користи во оваа Програма. Медијатор на едукативната трибина беше раководителката на Секторот за јавни дејности од јавен интерес од општина Карпош, Анета Марковска-Илиевска.