Денеска пред полни трибини со љубители на спортот, одбојкарките на ООУ „Димо Хаџи Димов“ го освоија првото место на Државното првенство во одбојка во училишен спорт за учебната 2015/2016 година кое беше во организација на федерација на училишен спорт на Македонија.

Тие дојдоа до побеничкиот пехар со пресврт во финалниот натпревар против екипата на ООУ„Видое Подгорец“ од Струмица со резултат од 2:1 Ова првенство се одржа од 10-12 март во Валандово и на него учествуваа шест основни училишта, а од Скопје односно од нашата општина учествуваа ООУ „Димо Хаџи Димов“ и ООУ „Лазо Трповски“ кои го играа првиот полуфинален натпревар кој заврши со резултат 2:1 за ООУ „Димо Хаџи Димов“. Во второто полуфинале се сретнале екипите на ООУ„Видое Подгорец“ од Струмица и ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп каде што победа изборија одбојкарките од Струмица. Во натпреварот за трето место до победа со пресврт дојде екипата на ООУ„Лазо Трповски“ против екипата на „Кочо Рацин“ од Прилеп.Карпош и од ова Државно првенство се враќа со триумф, односно со два трофеја, за прво и трето место.