По повод  Меѓународниот ден на Франкофонијата, в недела (20.03.2016) во Т.Ц ,, Рамстор’’, се одржа работилница на тема: професии, изработка на сликовници, симулации и игри на меморија. Во рамки на овој културен настан учествуваа основците од ООУ ,,Аврам Писевски’’, ,,Вера Циривири Трена’’ и  ,,Христијан Тодоровски – Карпош’’, училишта од општина Карпош, во кои се изучува францускиот јазик. На работната манифестација со основците од  VI до XIX одделение, активни беа и аниматорите и  претставниците од Францускиот културен  центар.

 

Креативната работилница ги збогати учениците со нови знаења, вокабулар и поразновиден начин на изучување и совладување на францускиот јазик. Оваа средба беше одлична можност, учениците од различни училишта да се запознаат  меѓу себе.

Настанот, исто така, беше можност присутните ученици освен со францускиот јазик, да се запознаат  со француската култура и со целокупниот начин на живот во Република Франција.