Општина Карпош организира бесплатна еднодневна обука наменета за сите заинтересирани невработени лица од територијата на Општината.

Станува збор за тематска обука која ќе трае 4 часа и на која присутните ќе се стекнат со сознанија и вештини потребни при вработување како што се:

–           Пишување на кратка биографија – CV

–          Пишување на мотивационо писмо

–          Можности за вработување и самовработрување во Македонија

–          Унапредување на сопствените квалификации и

–          Разработка на почетна идеја за сопствен бизнис.

  Обуката ќе се оддржи на 15 април, петок, со почеток во 10.00 ч во просториите на урбаната заедница Карпош 1 (ул. Иван Аговски бр.2).

Тематската обука е дел од активностите предвидени со Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2016 година.

Сите заинтересирани лица своето присуство да го најават на тел. 078/486-924