КАРПОШ ГО ИСТРАЖУВА ЗАДОВОЛСТВОТО НА ГРАЃАНИТЕ
- април 22, 2016
- 0
Одделението за локален економски развој од општина Карпош, деновиве започна анкета за испитување на задоволството на граѓаните, од услугите и постојниот имиџ на локалната самоуправа.
Целната јавност (публика) од која се одреди примерокот на испитаници, се полнолетните граѓани на општина Карпош, постари од 18 години, на возраст од 30 до 50 години и граѓани над 50 години.
Проектните активности на локалната администрација ќе опфатат неколку фази, а од добиена база на податоци, истите ќе се искористат за детерминирање на степенот на задоволството на граѓаните во сите клучни сфери на работење на Општината. Тие сознанија, во иднина, ќе и послужат и на локалната самоуправа, таа да се развива и да презема низа активности врз основа на потребите и приоритетите на граѓаните.