КАРПОШ ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС
- јули 26, 2016
- 0
По повод 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го зафати главниот град, делегација на Општина Карпош положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот.
На денешен ден, во далечната 1963 година, во 5 часот и 17 минути, скопјани го почуствуваа најголемиот земјотрес во историјата со јачина од 6,1 степени по Рихеровата скала. Беа урнати голем број домови, над 200.000 луѓе останаа без покрив над глава, а животот го загубија повеќе од 1.070 граѓани.
Со брзина на светлината, Скопје повторно заживеа. Со помош на хуманитарните организации од целиот свет кои пристапија кон собирање помош, главниот град полека почна да се обновува.