ВОЛЦИ НАПАЃААТ ВО НЕРЕЗИ

 Вчеравечер во населбата средно Нерези опасни волци влегле во дворови на жителите пришто е убиено едно домашно куче-загар, а во соседниот двор е изедено едно домашно животно-коза. Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби. Се предупредуваат граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно. Ова не е прв пат во Општина Карпош гости од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите.