ДИСКО ВЕЧЕР ВО ЧЕСТ НА ДЈ БАБУРА
- септември 1, 2016
- 0
Во рамките на овогодинешното Културно лето, Карпош му оддаде почит на најекспонираниот македонски ДЈ Бабура или Љупчо Петровски, кој прерано замина во историјата.
Најпосетените ноќни забави и добро поминати вечери, беа токму од ДЈ Бабура. Неговите колеги од „Сити Радио“, се навратија на најдобрите дј-сетови работени од него, и ги расположија љубителите на техно звукот. Огромна е загубата за диско забавите во главниот град, кои беа најпознати во изминатите години.