СТАРТУВА „БИЗНИС БАСКЕТ ЛИГАТА“ ВО КАРПОШ
- септември 28, 2016
- 0
Баскетот е совршениот спорт кој преку спортување ги зближува вработените, го зајакнува работниот тим и истовремено обезбедува одличен „тим билдинг“.
Општина Карпош, како најспортска општина, преку организирање и поддршка на неколку баскет турнири, баскет лиги и на индивидуалните школи за кошарка ги анимира младите и приближува до еден од најомилените тимски спортови, но и повозрасните љубители на овој спорт од бизнис заедницата и администрацијата.
Во таа насока е и вториот по ред турнир „Бизнис Баскет Лигата“ кој ќе се одржи на спортските терени на СЦ „Форца“ во состав на гимназијата „Орце Николов“. Почнувајки од 29 септември 2016 година, па се до 31 мај 2017 македонските компании ќе може да се натпреваруваат во „Бизнис Баскет Лигата“ која заеднички ја организираат Општина Карпош и СЦ „Форца“. Интересот за учество на овој турнир, од ден на ден е се поголем, што ветува добар баскет во текот на целата сезона.
Играчите коишто се пријавени од сите екипи се аматери, односно не се регистрирани во првите две лиги во македонската кошарка во последните две години, а истите мораат да бидат вработени воодредени компани од подрачјето на Скопје. Со цел секоја екипа да има поголем број на играчи и секако дружењето да е поголемо, максималниот број на играчи дозволени за пријавување е осум (3+5) кои можат неограничено да се менуваат во текот на натпреварот.
Свеченото отворање на „Бизнис Баскет Лигата“ е на 29-ти септември (четврток), во 18.30 часот на во „Форца Баскет центарот“којшто се наоѓа во состав на Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.Тогаш ќе се одржи и првото коло од овој турнир. Сите љубители на баскетот како маалски спорт, кој сега добива уште поголемо значење со вклучувањето на бизнис компаниите, ќе можат да се забавуваат и да уживаат во дружењето кое е загарантирано.
Ги повикуваме сите вљубеници во баскетот да дојдат во спортско расположение, подготвени за дружење, забава и секако за партија баскет.
Ова е само почеток на една голема баскет приказна која што Форца и Општина
Карпош ја започнаа со цел да поттикнат баскетот повторно да се врати во населбите, меѓу најмалите генерации, вклучувајќи ги ибизнис компаниитесо цел да уживаат во популарната игра која е совршена за водење на здрав начин на живот и стекнување на пријателства.