По  повод  Деновите на Општина Карпош, денеска, во фискултурната сала во ООУ „Владо Тасевски“, се одржаа финалните натпревари во пинг-понг за основци, во машка и женска конкуренција. 

Кај момчињата, првак во пинг – понг е  ученикот Војдан Тодоров од  ООУ „Владо Тасевски“ , второто место му припадна на неговиот соученик  Стефан Христовски,  а  Едвин Омерагиќ од ООУ „Вера Циривири Трена“ ја освои бронзата. 

 

Кај девојчињата, Матеа Крстаноска од ООУ „Лазо Трповски“ беше несовладлива на пинг-понг масата и нејзината добра игра и го донесе првото место на овогодинешниот турнир. Оваа година, среброто отиде во витрините на ООУ „Јан Амос Коменски“,

а најзаслужна за оваа награда е Калина Филевска.  Третото место и припадна на Симона Тасевска од  ООУ „Владо Тасевски“. 

 

Општина Карпош е локална самоуправа која е позната по континуираното инвестирањето во развојот на спортот и спортските дисциплини, особено кај помладата популација. Токму затоа,  учениците од оваа општина се меѓу врвно пласираните  индивидуални и колективни натпреварувачи, како  на градско, така  и  на државно ниво.