НОВ АСФАЛТ НА РАМПО ЛЕВКАТА
- октомври 29, 2016
- 0
Во урбаната заедница „Владо Тасевски“, се комплетира целосно асфалтирањето на ул. Рампо Левката. По тој повод градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски даде изјава за медиумите.
– Во предвидениот рок, до 1 ноември, ќе ја асфалтираме ул. Рампо Левката. Со асфалтирањето на улиците: Алжирска, Анкарска, Каирска, како и на ул. Борка Талевски, која од објективни причини подолго време се асфалтираше, заклучно со ул. Ристо Равановски, ќе имаме целосно асфалтирани и реконстрирани улици. Понатаму, планираме да ги асфалтираме и улиците Њу Делхиска, Атинска , Бахар Мојс, кои заедно со новата ул. Дрезденска, ќе претставуваат урбана целина на комплетно реконструирани и асфалтирани улици, прецизираше првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.
Градоначалникот Јакимовски, исто така напомена дека атмосферската и фекалната канализација во овој дел од Општина Карпош е целосно реконструирана и нова, и нагласи дека доколку дозволат временските услови сите овие предвидени активности ќе завршат до 1 декември. Доколку пак, не ја постигнеме предвидената динамика во асфалтирањето и реконструкцијата на улиците, градежните активности ќе продолжат напролет, од 1 март.