„ЛОКОМОТИВ“ ОД СОФИЈА ПОБЕДНИЦИ НА ВАТЕРПОЛО ТУРНИРОТ ВО КАРПОШ
- ноември 14, 2016
- 0
По повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, денес, во ВИП Арената „Борис Трајковски„ се оддржа четвртиот по ред Меѓународен турнир во ватерполо, во организација на ватерполо клубот „Бета“-сКОПЈЕ и ВИП Арената „Борис Трајковски“.
На турнирот настапија четири екипи од Македонија-„Бета“ од Скопје, „Црноморец“ од Бугарија, „Лесковац“ од Србија и „Локомотив“ од Софија,Бугарија.
Победник на овој спортски настан се ватерполистите на „Локомотив“ од Софија, второто место им припадна на нашите ватерполости-„Бета“ од Мкаедонија, третото место го освоија „Црноморец“ од Бугарија а четврти беа ватерполистите од „Лесковац“-Србија.
Генерален спонзор на овој турнир, кој има над 30-годишна традиција, е Општината Карпош која од Програмата за спорт издвои 200.000 денари, а Град Скопјеј го поддржа турнирот со 70.000 денари.