ДЕЛEГАЦИЈА ОД КАРПОШ НА РОДЕНДЕНОТ НА ТРАВНИК
- март 22, 2017
- 0
Делегација од Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, и претседателот на Советот на локалната самоуправа Сашо Лазаровски, се наоѓа во официјална повеќедневна посета на Општина Травник, Босна и Херцеговина.
По повод роденденот на оваа збратимена општина, првиот човек на Карпош, присуствува на свечената академија како и на повеќе манифестации од музички, спортски, културен и еколошки карактер. Оваа посета на општинскиот татко Стевчо Јакимовски, претставува можност за размена на искуства во раководењето и управување на локалната самоуправа, со преостанатите градоначалници од останатите збратимени општини на Травник.
Деновите на Општина Травник беа одбележани со музички концерти, танци од културно – уметнички друштва, како и спортски натпревари меѓу основците од оваа локална самоуправа. Травничани исто така, можеа да ги разгледаат и да купат од домашно изработените производи и рачно изработените предмети поставени на штандовите во центарот на Травник. Една од активностите по повод на деновите на Општината, беше и чистење на коритото на реката Лавша од страна на административен тим од локалната самоуправа.