Младите учат за климатските промени и за опасносτите од електронскиот отпад
- март 24, 2017
- 0
Денот на пролетта и екологијата во Карпош за најмалите жители се одбележа на поинаков начин. Тоа што понекогаш и за возрасните е непознато најмалите ученици од ОУ ,,Јан Амос Коменски“ имаа можност да го научат т.е. да ја направат разлика помеѓу електронски и електричен отпад.
Преку проектни активности во областа на е-општество и климатски промени за децата од Карпош се реализираат обуки за зачувување на околината. За реализиација на оваа активност не само што се влијае на општото мислење кај најмладата популација туку се прават конкретни чекори со поставување на пунктови во училиштата за прибирање и реалокација на електронски отпад. Воедно најмладите беа запознаени со климатските промени и на кој начин може да помогнат за да се зачува нашата планета земја.