ПРОМОЦИЈА НА ВТОРИОТ АЛБУМ НА ГРУПАТА „МОНИСТРА“
- март 27, 2017
- 0
Наредниот месец, април, в недела (09.04.2017) во Македонскиот народен театар, скопскиот етно состав „Монистра” ќе го промовира својот втор aлбум „Киниса моме на вода“, насловен според познатата галичка песна.
Групата „Монистра“, оваа година го слави 15 годишниот јубилеј од своето постоење и албумот го чувстуваат како долгогодишна награда и кулминација на досегашниот труд.
Многубројните концерти во Републикава и учеството на меѓународни фестивали, ја афирмираа „Монистра“ во една од најуспешните македонски етно групи. Нивните преработки на изворни народни песни и ора имаат специфичен музички израз, преку кој се препознава македонскиот мелос, и специфичната традиција која вековно се негува во Македонија.
За песната „Киниса моме на вода“, која воедно го носи и името на нивниот втор албум, групата „Монистра“ изработи и видео запис, кој неодамна беше промовиран преку повеќе телевизиски куќи.
Слушнете ја нивната изведба на песната „Киниса моме на вода“ на следниот линк