Денеска, на скалите кои водат од Козле кон населбата Трнодол во Општина Карпош беа поставени нови гелендери (ограда на скали) . Овие инфраструктурни помагала се ставија  со цел да се подобри безбедноста на граѓаните,  кои ги користат скалите секојдневно во овој дел од Општината.

Оградата на скалите кои водат до Трнодол е долга 51 метар, висока 60 сантиметридодека помошниот држач на оградата е долг 100 метри.  Поставените гелендери на новите скали во Трнодол претставува   инвестиција обезбедена од буџетот на локалната самоуправа.