„ЈАХЈА КЕМАЛ“ СЕВКУПЕН ПОБЕДНИК НА УЧИЛИШНИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР НА ОПШТИНА КАРПОШ Share
- јуни 6, 2017
- 0
Во организација на шаховскиот клуб „Гамбит Асеко“ и Општина Карпош на 01.06 (четврток) 2017 во ООУ „Јан Амос Коменски“ се одржа седмата училишна шаховска лига. Севкупен победник на овој шаховки турнир е училиштето Јахја Кемал во категорија од 1-5 и од 6-9 одделение.
ООУ „Јан Амос Коменски“ во категоријата од 1-5 одделение го освои второто место, додека вицешампион во категоријата од 6-9 одделение е ООУ „Владо Тасевски“. Третата позиција на овој турнир им припадна на шахистите од 1-5 одделение од ООУ„ Димо Хаџи Димов“и основците од 6-9 од ООУ „Лазо Трповски“.
Ова екипно натпреварување се одржа според т.н Бергеров систем, односно победникот беше познат после одмерувањето на силите во пет натпреварувачки кола на секој против секого.