На денешната шеесет и шеста седница на Советот на Општина Карпош советниците расправаа по вкупно 28 предлог точки. Советниците одново дадоа „виза” за финансиска поддршка на клубови од Карпош, и го одобрија предлогот за објавување на оглас за доделување на стипендии на талентирани спортисти од Општина Карпош.

Советниците ја изгласаа и одлуката за утврдување на бесплатни ужинки и утврдување на бесплатен излет за учебната 2017/2018 година. Првенците на генерацијата во десетте основни училишта ќе бидат финансиски наградени со одлука на Советот на локалната самоуправа. Денеска советниците ја одобрија одлуката и за отпочнување на работа на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“ – објект „Бумбарче”. На оваа седница се одобрија финансиски средства за реконструкција – ремонт на два лифта во колективен станбен објект на улица Иван Аговски број 8, влез 4 и и во колективниот станбен објект на булевар „8 Септември ” број10, влез 2, Општина Карпош.