Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во својот кабинет ги прими најдобрите десет полуматуранти – првенци на училишната генерацијата 2016/2017. Во оваа пригода, првиот човек на Општината лично им ги врачи еднократните парични награди од 10.000 денари, што за нив, традиционално ги обезбеди локалната самоуправа.

 
Посебна комисија направи селекција и од сите десет основни училишта во Општина Карпош избра по еден првенец на генерација, кој во текот на учебната 2016/2017 година постигнал најдобар успех, освоил престижни награди и се стекнал со дипломи на локално или државно ниво. Освен паричните награди, Општина Карпош минатата недела ги одведе првенците на генерација, заедно со останатите 70 најуспешни основци-спортисти, на шестдневно наградно патување во кампот „Скураз“ на полуостровот Халикидики, (Грција).
 
На денешната средба, „првенците“ разговараа со општинскиот татко Стевчо Јакимовски, за постигнатите резултати и за функционалноста на образовниот процес низ кој поминуваат учениците.