СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- јули 3, 2017
- 0
СДСМ- овскиот идиотизам во изминативе два дена, денеска кулминираше. Социјалдемократите се полудени од убавината и атрактивноста, а пред сѐ, од желбата и интересот за користење на лулашките и детските реквизити во новоотворениот модерен парк од страна на најмладите жители, не само од Карпош, туку од цело Скопје.
СДСМ навечер праќа свои активисти да го уништуваат паркот, за потоа преку ден да држат прес конференци. Убавите паркови, фасадите, покривите на зградите и индивидуланите куќи, реновираните лифтови, новите училишта, стипендиите и наградите на учениците, асфалтирањето на улиците не можат да бидат предмет на фарбање од страна на „Шарената револуција“. Тие сега имаат нова стратегија: уништување на лулашки, клупи, клацкалки и други детски реквизити. Граѓаните на Општина Карпош се среќни што фекалната и атмосферската канализација е длабоко во земја, инаку активистите на СДСМ би се претвориле во стаорци, за да тоа што е добро направено за граѓаните на Општина Карпош да го уништат. Прашуваме зошто со нож ги сечевте јажињата на лулашките?
Зошто вие од СДСМ кога видовте дека не можете да ја срушите лулашката отидовте дома да земете клучеви – (крцкалка), за да ја превртите и денес од неа да направите фотосесија? Во прилог на целата македонска јавност ги изнесуваме фотографиите од лулашките од детското игралиште.
Можно ли е овие челични анкери да ги извитка шест годишно дете?
Дали е можно шест годишно дете со нож да ги сече истите?
Срамота за СДСМ! Знаеме што лошо можете да им направите на граѓаните на Општина Карпош, кажете и на јавноста – што добро можете.