ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ ХРАМОТ „ХРИСТОС СПАСИТЕЛОТ”
- август 29, 2017
- 0
Единствена причина за застојот на изградбата на верскиот храм е спорот кој постоеше помеѓу Македонската православна црква и Јавното претпријатие за управување со спортски објекти. По правосилната пресуда со која МПЦ го доби на владение ова земјиште, изградбата на храмот продолжи. Ктитор на изградбата на црквата е семејството Антиќ, дециден беше Јакимовски.
Општинскиот татко, Стевчо Јакимовски, напомена дека и тој лично заедно со неговото семејство ќе донираат финансиски средства за изградба на верскиот објект, и ги повика сите добронамерни граѓани да учествуваат со сопствени придонеси, за побрзо да се изгради храмот.
– По завршувањето на локалните избори, исто така и локалната самоуправа ќе донира финансиски средства. Овој објект граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 го чекаа со децинии, и убеден сум дека наскоро верниците ќе можат секојдневно да ја посетуваат новоизградената црква, каде што ќе ги чествуваат верските празници, потенцираше Јакимовски.
Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски, најави изградба на верски храмови во населбата Влае пред „Порта Влае” и во населбата Козле кај споменикот на Кузман Јосифовки – Питу.