ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО ЗЛОКУЌАНИ
- септември 7, 2017
- 0
Благодарение на брзата реакција на локалното население од Злокуќани (општина Карпош), пожарот кој попладнево околу 15.00 часот избувна во близина на телевизијата Канал 5, набрзо беше локализиран и ставен под контрола. Жителите од населбата Злокуќани веднаш го забележале густиот чад и пламените јазици, но за среќа реагирале свесно и навремено, така што го спречиле огнот да заземе поголеми размери.
На повик на граѓаните, набргу на местото на несреќата стасало специјално возило на противпожарната служба и надлежните лица констатирале дека пожарот е успешно локализиран и згаснат. Според очевидци пожарот бил намерно подметнат од непознати сторители, кои веднаш потоа со возило се упатиле во непозната насока.