По натпреварувањата во првиот дел, т.е. есенска сезона од фудбалската училишна лига во Карпош, во која учествуваа десет тимови од сите основни училишта од подрачјето на локалната самоуправа, фудбалерите на ООУ „Братство“ завршија на врвот од табелата како апсолутни победници.

Без пораз, во вкупно девет одиграни натпревари, тие извојуваа  шест победи и  три нерешени резултати. Со тоа заслужено го освоија првото место во есенскиот дел од училишната фудбалска лига на Карпош за  2017/2018.

 За подетални информации за резултатите кликнете на следниов линк https://karpos.gov.mk/page/liga-fudbal