ЕКО – АКЦИЈА ЗА ЧИСТ КАРПОШ
- декември 14, 2019
- 0
Администрацијата на Општина Карпош денеска чистеше на повеќе локации, во соработка со службениците од други државни институции.
Главниот пункт беше пред С.Ц. „Борис Трајковски“, а оттаму, присутните беа распределени во повеќе групи.
Една од групите, претставници од Министерството за финансии чистеа во Карпош 1 и Карпош 2.
Градоначалникот Стефан Богоев заедно со вработените од Општината, чистеше околу Карпош 3 и Карпош 4.
Најчесто се собираше џебниот отпад, а можеше да се забележи и несовесно одлагање на кабаст отпад (мебел, покуќнина) околу поголемите контејнери.
Дел од граѓаните ја поздравија оваа акција и со градоначалникот и службите разменија мислења за одржувањето на јавната хигиена.
Општина Карпош ги повикува сите граѓани на совесно одлагање на комуналниот, џебниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. Локалната самоуправа спроведе и информативна кампања, со цел заштита на животната средина, а на веб страната на Карпош се достапни и сите информации како правилно да се фрла отпадот. (линк: https://bit.ly/2rLqzB0 )
Во текот на оваа година, покрај секојдневното чистење на Општината, организиравме и пролетна акција за чистење на Карпош, во која се приклучија и повеќе приватни компании, училишта и јавни личности. Сите носиме одговорност за здрава и чиста околина.