Општина Карпош ја започна пролетната дезинфекција, дезинсекција и дератизација, која традиционално како активност за чистота и превенција ја спроведува на пролет и  на есен. Во оваа акција, во процесот на дератизација ќе бидат опфатени над 5.000 шахти кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, и со неа ќе бидат уништувани глодари и инсекти.

 

Сите основни училишта и детски градинки, кои се наоѓаат на територијата на Општината, и се под нејзина надлежност, исто така ќе бидат опфатени со пролетната дезинфекција и дезинсекција. Општина Карпош, постојано се грижи  како за чистотата, животната средина, така и превентивно за здравјето на своите граѓани.