ОБЕДИНЕТИ ВО РАЗЛИЧНОСТА
- март 28, 2018
- 0
Во ООУ „ Братство“ во Тафталиџе 2, денеска, организацијата „НАНСЕН дијалог Центар-Скопје“, заедно со група ученици, од училишта во Италија, Словенија и Хрватска, одржаа еден мултикултурен проект на меѓусебно запознавање на учениците и наставниците со нивните врсници и колеги од овие држави. Целта на оваа иницијатива е размена на искуства и идеи помеѓу мултикултурни и мултиетнички училишта, како и имплементирање на истите во наставниот процес за поголема образовна инклузија на основците.
Оваа група, составена од 25-30 ученици, во Република Македонија, како дел од оваа иницијатива, престојува од 26-28.март, и освен посетата на мултикултурното карпошово училиште, ќе ги посети и канцелариите на „ НАНСЕН дијалог Центарот. Покрај посетата на училиштето „Братсво“, учениците од овие земји ќе посетат мултикултурни основни и средни училишта во Тетово, Гостивар, Охрид и Скопје, каде што ќе разменат меѓусебни искуства и ќе отворат можности за збратимување.
Проект е поддржан од Еразмус програмата, а во рамките на оваа меѓудржавна посета се вклучени ученици од училишта од Осијек, Вуковар и Дарувар.