НОВА ФИТНЕС ЗОНА ВО КАРПОШ 4
- мај 4, 2018
- 0
Граѓаните на Карпош можат да спортуваат и да се рекреираат во новата фитнес зона во Карпош 4.
Проектот е реализиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, а локалната самоуправа ќе продолжи со изведба на фитнес зоните и во други населби на територија на Карпош.
Примарната цел е да се овозможи повеќе простор за рекреација на граѓаните, во близина на нивните места на живеење.