Вкупно 214 бизниси кои функционираат на територија на Општина Карпош се приклучија во првата фаза од проектот Моја картичка – Мој Карпош”.

Всушност, правните субјекти беа посетени од страна на претставници од Секторот за развој при Општината, при што преку пополнување на соодветни обрасци се изјавуваше волја за соработка и висина на попуст за сите карпошани. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска испрати и Писмо за благодарност до сите 214 фирми, дел од бизнис секторот во Карпош, за воспоставениот механизам за соработка со локалната самоуправа.

Се вклучија фирми од различни областиугостителство (кафулиња и ресторани), култура (театар), спорт (спортски сали), здравствена заштита  (ординации), информатичка технологија, автомобилска индустрија и др.

Целта на овој проект е да се раздвижи економијата на локално ниво. Граѓаните, жители на Карпош да купуваат и да користат услуги по пониски цени, а локалните бизнис да имаат поголема посетеност и добивка.

Во претстојниот период ќе продолжи следната фаза на проектот каде што ќе се дефинираат критериумите за користење на картичката, изработката и другите детали.

Општина Карпош останува отворена за соработка и со другите субјекти во рамки на посочениот проект.