ДЕЖУРНИ СЛУЖБИ ЗА ПОЧИСТ КАРПОШ
- јули 14, 2018
- 0
Општина Карпош воведува дежурни служби за одржување на хигиената и за време на викендите.
Од овој викенд, по 12 хигиеничари, по четири работни часа, од 8 до 12 часот ќе бидат ангажирани рамномерно по урбаните заедници со цел дополнително да се одржуваат јавните површини.
Поради тоа што во летниот период имаме зголемената фреквенција на движење и на граѓани и на автомобили, хигиеничарите ќе спроведат акции за чистење низ платоата, маалските паркчиња, сервисните улици, како и меѓу зградите.
Во оваа прилика, упатуваме апел до граѓаните за поголема грижа за животната средина, а отпадот да се фрла единствено во корпите за отпадоци.