НАЈМЛАДИТЕ КАРПОШАНИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА ВТОРАТА ВЕЧЕР ОД КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО
- август 25, 2018
- 0
Уште една незаборавна вечер на платото во ТЦ Лептокарија. Ѕвезди на вечерта беа најмладите карпошани кои со своите насмевки и енергија се забавуваа на перформансот на Петко 5+. Вечерта ја збогати и нашиот познат актер, Сашко Коцев кој имаше свое standup шоу.
Во музичкиот дел настапија Гуру Харе и пријателите: Игор Џамбазов, Дани, Тања Тас, Дамир Имери – клавијатура и Трајче Велков – труба.
Утре е последниот ден од Карпошовото културно лето и граѓаните ќе може да уживаат во тематска – етно вечер со: фолклорно студио ЕТНОС, Чалгија Саунд систем и Бени Шаќири & Златко Ориѓански.
Ги покануваме сите граѓани на Карпош и на Градот Скопје да поминат уште една незаборавна летна ноќ на платото во Лептокарија.