Општина Карпош се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на чистење – 15 септември. Станува збор за глобална акција во која се вклучуваат милиони волонтери, граѓани и општествено одговорни субјекти од 150 земји. Оваа година, локалната самоуправа ќе спроведе акција за темелно чистење на целата Општина. Покрај комуналните служби, кон акцијата ќе се приклучи и општинската администрација, општинското раководство и членовите на Советот на Општина Карпош.

Во оваа пригода, Општина Карпош ги повикува и сите граѓани, организации, компании и општествено одговорни субјекти да се приклучат кон оваа еколошка  акцијата за почист Карпош.

На 15 – ти септември, со почеток во 09:00 часот, сите заинтересирани граѓани ќе може да се приклучат на некои од следниве собирни места – пунктови:

 

Ø  Карпош 1 и Карпош 2 (собирно место кај Полициска станица – Карпош, ул. “Иван Аговски”);

Ø  Карпош 3 и Карпош 4 (позади Skopje City Mall на ул. “Манапо”);

Ø  Влае 2 (кај спортските игралишта – до мостот “Обединети нации”);

Ø  Нерези (кај автобуската постојка на послецна 57 – ца);

Ø  Тафталиџе 2 (кај основното училиште “Братство”, ул. “Московска” б.б.);

Ø  Тафталиџе 1 (кај основното училиште “Јан Амос Коменски”, ул. “Варшавска” бр.23);

Ø  Козле (кај основното училиште „Владо Тасевски”, ул. “Миле Поп Јорданов” бр.74);

Ø  Платото на Млечен (кај Ли кафе);

Ø  Кеј на Вардар (на патеката под х.Александар Палас).

 

Општина Карпош ќе обезбеди соодветна опрема за чистење за сите граѓани кои ќе учествуваат во оваа акција (ракавици и кеси за отпад). Заедно да дадеме конкретен придонес во заштитата на животната средина и грижата за локалната заедница, како и да ја подигнеме јавната свест на едно повисоко ниво.

ЗАЕДНО ЗА ПОЧИСТ КАРПОШ И ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА!