ЧЕСТИТ ПРАЗНИК 11. ОКТОМВРИ
- октомври 11, 2018
- 0
Општина Карпош Ви го честита државниот празник 11. Октомври, познат како Ден на народното востание на македонскиот народ. Востанието е против фашизмот, со што започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на Македонците.
Со својата вооружена борба, Македонија дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.