ФИНАЛНИ ПОДГОТОВКИ ЗА МОБИЛНАТА AПЛИКАЦИЈА ВО КАРПОШ
- ноември 15, 2018
- 0
Општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа која ќе добие мобилна апликација за комуникација со граѓаните. Апликацијата ќе биде достапна за IOS и Android.
Токму денеска, се одржа и последната обука, со овластените лица од општинската администрација, кои ќе комуницираат со граѓаните преку оваа апликација.
На обуката присуствуваше и градоначалникот Стефан Богоев, кој истакна дека Карпош прави чекор напред во овозможувањето на нови начини за комуникација со сите засегнати страни.
Мобилната апликација овозоможува интерактивен однос меѓу граѓаните, граѓанските организации и Општината. Всушност, ќе можат да се поднесуваат иницијативи и предлог идеи за најразлични прашања, од областа на локалната самоуправа.
Оваа мобилна апликација ја изработи организацијата Блинк 42 – 21, со поддршка од USAID.