Во работните простории на урбаната заедница „ Кузман Јосифовски-Питу“, денеска се одржа  предавање од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и   услуги на пазарот на трудот за 2019 година

 „ Шанса за сите“. Пред присутните заинтересирани работодавци и сопственици на микро, мали и средни претпријатија, претставничките од Центарот за вработување –Скопје при Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Билјана Петрушева и  Павлина Костовска-Грујоска, ги презентираа активните мерки за креирање на нови работни места , практиканство, обуки, вработување и  раст на правни субјекти.

 

Оваа програма е наменета за  невработени млади лица до 29 години, невработени лица  со попреченост и невработени жени од ранливи категории, ( приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, долгорочно невработени жени, самохрани мајки, социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај). Корисници на оваа програма можат да бидат и невработените лица кои имаат завршено обука за претприемаштво и / или изработено бизнис план во 2018 година.

 

Поддршката за креирање на нови работни места ќе влијае на поттикнување на вработувањето  на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија, и граѓански ( непрофитни) организации кои се бават со економска активност при вршење на дејност во рамките на активноста на граѓанските организации. Во оваа програма има повеќе активни субвенционирани мерки од  материјално –  финансиски аспект, обука и  практиканство за усовршување на вештините и квалификациите на  невработените лица итн.

 

Програмата нуди поддршка на работодавците при вработување на лица со попреченост на неопределено време, за што се доделуваат 20 просечни нето плати, 19 илјади денари месечно за период од 3  или 6 или 12 месеци за лица вработени од целни групи утврдени со програмата, месечен надоместок од 9.000 денари за лица што ќе поседуваат обука, и еднократен износ од 5.000 денари за работодавачот по обучувано лице, по завршената обука. Исто така се усплатува и  надоместок од 49% од вкупниот износ на обука по обучено лице во времетрање од 6 месеци, за обуки за развој на дигитални вештини, и месечен надоместок во висина од 9.000 денари за лицата што ќе се вклучат во практиканство за период од 3 месеци.

 

По  завршуваењето на презентанцијата на претставничките од Агенцијата, присутните работодавци од територијата на Општина Карпош  поставуваа прашања и дискутираа по односните мерки и поволности кои се нудат токму  за сопствениците на нивните  микро, мали и средни претпријатија.