Општина Карпош се приклучи кон големата еко – акција „Биди дел од чиста иднина“, во организација на ЈП Комунална хигиена – Скопје, која денеска се спроведува во сите десет скопски општини.

 

Кон акцијата се приклучи и градоначалникот Стефан Богоев, како и  дел од средните училишта на територија на Карпош„Георги Димитров“ и „Орце Николов“, Македонската Џиу- џицу федерација и заинтересирани граѓани.

 

Фокусот на чистењето беше ставен на потегот околу Момин Поток, а улиците се чистеа и миеја и со цистерни од страна на Јавното претпријатие Комунална хигиена „Скопје“.

 

Во изминатиот период, Општина Карпош ја организираше и една од најголемите еко – акции за чистење, при што беа ангажирани општинската администрација, приватниот сектор, граѓански здруженија и жители на Карпош.