ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ДЕПОНИИТЕ ДОЛЖ ВАРДАР
- април 24, 2019
- 0
Aктивностите за чистење на депониите долж Кејот на реката Вардар продолжуваат и во текот на денешниот ден. Денеска се исчисти голем дел од габаритниот отпад од депонијата позади СЦ „Борис Трајковски“, којшто на оваа површина се одлагал со децении наназад.
Отпадот и шутот се отстрануваат со механизација од страна на јавните претпријатија, како и со помош на поголем број на општествено одговорни градежни компании.
Чистењето на депониите продолжува и во наредните денови се до нејзиното конечно расчистување, а крајна цел на Општина Карпош е оваа површина да се огради и да се заштити, за да се спречи создавање на нови депонии.