Денеска, вторник (13.06.2017) во раните утрински часови, 80 ученици од основните училишта од Карпош, тргнаа на седумдневно наградно патување во кампот „Скураз“ на полуостровот Халикидики, (Грција).

Веќе осми пат по ред, на иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, локалната самоуправа од својот буџет обезбеди наградно летување за првенците на генерација и за најуспешните ученици-спортисти, кои годинава остварија извонредни резултати во рамки на спортската училишна лига во четирите спортови и тоа, кошарка, фудбал, ракомет и одбојка за девојчиња.

Од основното училиште ,,Петар Поп Арсов’’, предводени од наставничката Катерина Милевска, во Грција патуваат победничките во одбојкарската лига на Општина Карпош: Моника Митреска, Николина Наумова, Кристина Попова, Анастасија Герасимовска, Михаела Беака, Дора Смилевска, Стела Танев, Анастасија Петревска, Матеа Панајотова и Ева Хаџипетрова. Своите соученички ќе ги придружуваат  Виктор Рибески, како најдобар ракометен голман и Дино Урошевиќ кој беше прогласен за најталентиран кошаркар.

Под водство на тренерот на одбојкарскиот клуб ,,Фит Фан Волеј’’, Атанас Филиповски, во Грција патуваат државните првенки во пионерска категорија во одбојка: Климентина Чаповска, Анастасија Јакимовска, Јана Мајнова, Бојана Маројевиќ, Марта Филиповска, Ива Настевска, Ева Лазовска, Ива Чадиковска и Сара Поповска.

На наградното патување присуствуваат и овогодинешните првенци на училишната генерација: Мартина Мицевска, Емилија Чешмеџиевска, Борјан Кочковски, Ѓоко Бојковски, Кристина Божиновска, Софија Илиевска и Кристина Попова.

                Во Грција ќе летуваат и победниците во општинската училишна фудбалска лига на Општина Карпош, кои доаѓаат од ООУ,,Лазо Трповски’’: Стефан Илиевски, Петар Миланов,   Виктор Крстевски, Михаил Јакимовски, Миша Сич, Лука Јакимовски, Сава Томиќ,   Димитар Игнатов,   Михаил Митров,

                           

Тео Блажевски,  Михаил Шапкаров и Јосиф Дуровски.

 

Најдобрата кошаркарска петорка, односно победниците на училишната кошаркарска лига од ООУ,,Војдан Чернодрински’’: Бранко Георгиев,   Петар Пејоски, Иван Јаневски,  Петар Симитковски и Кристијан Бозаџиев патуваат во Грција. На Халкидики ќе летуваат и основците од ,,Вера Циривири Трена’’ и тоа, Димитриј Попоски како најдобар стрелец во училишната фудбалска лига, Анатолиј Петејчук  како најдобар фудбалер и Андреа Томчевска која годинава беше прогласена за  најдобар стрелец во ракометната училишна лига на Општина Карпош.

 

                Предводени од наставниците од ООУ ,,Димо Хаџи Димов’’, Зоран Сивевски  и Блага Јанева, во Грција патуваат и победниците во ракометната училишна лига на Општина Карпош: Ѓорѓи Петровски, Христијан Блажевски, Борјан Чолаков, Андреј Јорданов, Лука Стојановиќ, Виктор Терзиевски,   Матеј Стојчев,   Александро Василевски, Стефан Краљевски, Стефан Ристевски, Ѓоко Бојковски, Јулијана Михајловска и Стефани Софтовска. Со нив ќе патуваат и нивните соученици:  Александар Смилановски и Јана Милковска  кои го освоија првото место на државниот натпревар во пливање кој се одржа во Куманово, како и   Александар Кажлевски  кој го освои првото место на општинската училишна лига во тенис.