СООДВЕТНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОЗДРАВА ЕКОЛОШКА СРЕДИНА
Одржувањето на здравата животна средина претставува една од главните цели за кои се залага Општина Карпош. Во таа насока, локалната самоуправа презема низа активности, мерки и применува соодветна методологија за третирање на отпадот. Притоа, општината започна со процесот на селекција, собирање и рециклирање на стаклениот, хартиениот, пластичниот и металниот отпад, како во административниот така и во граѓанскиот сектор.
Во тој поглед, Општина Карпош како локална единица успешно го имплементира и спроведува Интернационалниот систем за менаџмент за заштита на животната средина ИСО 14001 : 2015, а исто така е вклучена и во системот за примарна селекција на отпад на две фракции на хартија и пластика. Локалната самоуправа има склучено договор со лиценциран оператор, чија обврска е да го преземе и складира електричниот и електронскиот отпад како и отпадот од батерии.
Единствено преку одговорен пристап и стратегија за менаџирање на отпадот на локално ниво, Општината може да одговори на предизвиците кои се однесуват на зачувување на здравата животна околина.