Општина Карпош упатува срдечни честитки по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Овој ден е симбол на богатата култура, традиција и историја на ромската заедница, како и потсетник за значењето на еднаквоста, взаемната почит и заедништво во нашето општество. Општина Карпош останува посветена на градењето на инклузивна средина во која секој граѓанин има еднакви можности за развој, достоинствен живот и активно учество во заедницата.