ИНФОРМАЦИЈА
- јануари 21, 2026
- 0
Поради временските услови и ниските температури, зимската служба на Општина Карпош и вечерва е на терен, во тек е акција за фрлање сол на неколку клучни места каде што постои можност од голомразица. Станува збор за населбите Жданец, Трнодол, Бардовци, Нерези како и комплексот Етно Село.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, задолжителна употреба на зимска опрема на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.
Одговорно и со заедничка грижа – Карпош е безбеден за движење во зимски услови.









