Во просториите на новата општинска зграда, денеска заседаваше Советот на Општина Карпош на својата 74-та редовна седница, каде што беа разгледани 10 точки кои се најдоа на дневниот ред. Во таа насока советниците ги изгласаа  Годишните извештаи за работата на десетте општински основни училишта, за периодот 2024/2025 година.

Инаку, основните училишта кои се основани од локалната самоуправа и функционираат на нејзина територија, секоја година во овој период доставуваат Годишни извештаи  за својата работа, за периодот од минатата учебна година.