- мај 15, 2025
- 0
Локалната самоуправа денеска започна акција за испитување на нисконапонската електрична инсталација во сите основни училишта и детски градинки на своја територија. Станува збор за превентивна активност во која се вклучени и стручните служби од Одделението за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра при Општина Карпош. Целта на оваа иницијатива е да се провери фактичката состојба, односно исправноста на нисконапонската електрична инсталација во предучилишните и училишните установи. Во случајов, доколку биде лоцирана некаква аномалија, службите ќе интервенираат во најбрз можен рок.