50 ГОДИНИ КАРПОШ – ПУЛСОТ НА ГРАДОТ
- ноември 3, 2026
- 0
3 ноември 1976 – 3 ноември 2026 година.
Педесет години раст, промени, предизвици и успеси. Педесет години приказна за општината која од деценија во деценија се развива и го менува своето урбано лице, градејќи подобра средина за живот за своите жители.
Грижата за најмладите е инвестиција во иднината! Нови и обновени училишта и детски градинки, подобрени услови за растење, учење и воспитување, иновативни и модерни содржини за учениците, стипендии за поттикнување на нови знаења и успеси. Инвестираме во образованието како темел врз кој растат новите генерации на Карпош.
Младите се наш адут! Преку отворањето на Младинскиот центар Карпош создадовме простор во кој младите ќе ги реализираат своите идеи и иницијативи, ќе креираат политики и нов правец во Карпош. Заедно ќе создадеме општина во која секој се слуша, се почитува и вреднува.
Карпош е препознатлив како спортска општина! Многу спортски терени, игралишта, училишни спортски сали, базен, спортски клубови и бројни спортски настани. Општината континуирано вложува во спортот и го поттикнува спортскиот дух, здравите навики и активниот живот. Спорт за секого.
Културата е дел од идентитетот на Карпош. Карпошовото културно лето, културните и уметничките настани, фолклорните фестивали, ликовните колонии и бројните изложби, концерти, поддршката на творештвото создаваат разновиден и динамичен урбан дух во Карпош. Овде традицијата и современите културни вредности се надополнуваат и заедно го збогатуваат секојдневието на карпошани.
Карпош се гради и модернизира! Нови и реконструирани улици, подобрена патна и комунална инфраструктура, уредени јавни површини, детски игралишта, зелени простори и современи урбани содржини го менуваат секојдневието.
Карпош е средината во која се среќаваат различни генерации, се создаваат нови и се негуваат старите пријателства, се развиваат идеи и се гради силна заедница.
Карпош е место кое расте, се менува и постојано тежнее кон подобро.
50 години Карпош не е само бројка. Тоа се 50 години животни приказни, спомени, труд и достигнувања.
Денес кога го одбележуваме јубилејот, гледаме напред во наредните 50 години исполнети со многу нови проекти, подобри услови за живот, соживот и почит кон секого и светла иднина за сите.










