По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, денеска се одржува крводарителска акција, во период од 09:00 до 17:00 часот, во холот на општинската зграда.

Крвта е живот, а хуманоста и солидарноста се вредности кои треба да нè обединуваат. Токму солидарноста е длабоко врежана во историјата на Скопје и Карпош – особено по катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, кога помошта и поддршката од меѓународната заедница беа симбол на човечност и заедништво.
 Ги повикуваме карпошани да се приклучат на акцијата и со еден хуман гест да покажат дека солидарноста и денес живее во Карпош.