47 седница на Советот на Општина Карпош: Индивидуално домување – максимум до 4 станбени единици
- април 6, 2016
- 0
Денеска, во просторииите на Технолошко- Металуршкиот факултет се одржа четириесет и седмата седница на Советот на Општина Карпош. Советниците расправаа по дванаесет предлог точки на дневен ред.
На предлог на градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски, се изгласа Предлог – Одлуката за усогласување на максимумот на станбени единици за изградба на објекти со намена А1 – Домување во станбени куќи определен во сите детални урбанистички планови кои се применуваат во постапките за издавање на одобренија за градење пред Секторот за урбанизам на Општина Карпош.
Со оваа одлука се максимизираше изградбата на објекти со намена А1- Домување на 4 (четири)станбени единици. Исто така советниците, по неколку дискусии, дадоа ,, зелено ‘’ светло за финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош, и наградување на државниот првак во одбојка – женската одбојкарска екипа од ООУ ,, Димо Хаџи Димов’’. На оваа седница, помина и предлогот за одобрување на финансиски средства за опожарените куќи на улицата Иван Цанкар бр. 97- Б и бр. 77-А, во населбата Влае, со што локалната самоуправа ќе даде свој придонес во санирањето на оштетените домови и ќе им помогне на загрозените семејства.