Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, во придружба со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и директорите на јавните претпријатија од градот, беа домаќини на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, при што посетија три капитални инфраструктурни проекти на територијата на Општина Карпош.

На ул. Јуриј Гагарин, во присуство на голем број граѓани, првиот човек на Општината ја презентираше реконструкцијата на фасадата на Кула бр.8 која е во завршна фаза, и ја најави реконструкцијата на фасадите на преостанатите три соседни згради на истата улица.

–          Оваа тековна година, предвиден е реконструкција на 40 енергетско  ефикасни фасади на згради  во Општина Карпош. Со овој зафат, ќе се подобри естетскиот изглед на зградите, и ќе се подобри нивната функционалност за домување. Оваа инвестиција за овие четири згради ќе не чини 4,3 милиони денари, додека целосната инвестиција во енергетско – ефикасни фасади во Карпош, ќе чини околу 50 милиони денари, нагласи Јакимовски.

 

Вториот капитален објект кој беше посетен е новата општинска зграда, која е во својата завршна фаза на целосна изградба. Во обиколка на зградата, општинскиот татко нагласи дека Општина Карпош ќе ја добие најголемата општинска административна зграда во Република Македонија  со површина од 4.500 квадратни метри.

 

–          Кон крајот на јуни е предвидено да финишира целосната изградба на општинската зграда, и општинската администрација да биденсместена во новите општински простории, со што во полн капацитет ќе може да ги опслужува и да биде сервис на граѓаните на Општина Карпош. Изградбата на новата општинска зграда е финансирана со сопствени средства од буџетот на општината,  потенцираше градоначалникот на Општина Карпош Стевчо  Јакимовски.

 

 

Третиот инфраструктурен објект кој беше посетен е ул. ,,Франц Прешерн’’ , во населбата  ВлаеГрадоначалникот при посетата истакна дека е во тек  реконструкција на   улицата и тротоарите и  на 15 улични краци на истата.

 

–          Реконструкцијата на ул. ,, Франц Прешерн’’ е проект кој ќе им овозможи подобра локална патна инфраструктура на граѓаните од овој дел на Општината. Оваа улица, и преостанати 8 улици се  реконструираат  со средства одобрени  од кредит на Светската банка . Вредноста на овој инфраструктурен зафат на ,, Франц Прешерн’’  е 13 милиони денари, изјави градоначалникот Јакимовски.