Денес, кога славиме јубилеј, 30 години од независноста на Република Северна Македонија, всушност славиме еден голем историски исчекор. Го славиме моментот кога се оствари една вековна борба на македонскиот народ и народите во неа: Да живееме во своја, независна, самостојна држава.

Држава која ќе ја градиме, надградуваме и чуваме. Тргнавме по патот на самостојноста, кој од почеток знаевме дека нема да биде ниту лесен, ниту едноставен. Тој пат го одиме се уште, и по него ќе продолжиме. Македонија е една голема непрекината вистина, реалност во која се вложуваме секојдневно. Тоа бара исклучителен напор и посветеност од сите нас. Но, бидејќи сите ја сакаме подеднакво, предизвикот за современа европска држава, рамноправен партнер во меѓународната заедница, го прифаќеме со раширени раце, од се срце, и подготвени за сите досегашни и идни предизвици.

Нека ни е честит празникот на независноста, и со гордост да го славиме ние и нашите поколенија во најдалечната иднина.