КОНСТРУКЦИЈАТА НА „МЛЕЧЕН“ СЕ ОТСТРАНУВА, ПОДГОТОВКА НА ПРОГРАМА ЗА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПОГОЛЕМ РЕД ВО КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР
- јуни 14, 2020
- 0
За поставената железна платформа на ул. „Анкарска“ бр.23, платото на „Млечен“, констатирано е дека нема одобрение и истата е поставена спротивно на Правилникот за користење урбана опрема.
Сопственикот е задолжен во рок од три дена да ја отстрани конструкцијата и просторот да го врати во првобитна состојба.
🔎 Вчера беше извршен вонреден инспекциски надзор од раководителот на Инспекторат на град Скопје и комуналните инспектори на Градот, како надлежна институција за издавање на дозволи за поставување урбана опрема.
📋 Општина Карпош, во соработка со службите на Град Скопје ќе подготви Програма за урбана опрема, за оваа микро локација (платото на „Млечен“), но и за просторот во ТЦ „Лептокарија“ и Порта Влае.
Целта на Општината и на Градот е конечно воведување на ред во користењето на јавниот простор.